Меркел ќе им се придружи на германските муслимански лидери во маршот за толеранција

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и членовите на нејзиниот кабинет ќе учествуваат во маршот за поддршка на верската толеранција, што ќе се одржи денеска во Берлин во организација од муслиманските лидери во Германија.

Со настанот, кој ќе се одржи кај историската Брандербуршка капија исто така ќе им се оддаде почит на жртвите во минатонеделниот терористички напад врз редакцијата на „Шарли ебдо“ во Париз, како на уште двата други напади, во кои вкупниот биланс на загинати достигна 17 лица.

„Да застанеме едни до други. Теророт не е нашето име!“, е паролата на маршот, кој е свикан од Централниот совет на муслиманите во Германија и на турската заедница во Берлин.

Во маршот учество најавија и синдикатите, бизнис лидери и членови на двете најголеми верски заедници во земјата, христијанската и еврејската.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија