Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја осуди уредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана на влез во САД на лицата од седум муслимански земји, наведувајќи дека таа е неоправдана.
Портпаролот на Меркел Штефен Зајбер, наведе оти германската канцеларка е убедена дека дури и ако тоа е неопходно во борбата против тероризмот не е оправдано луѓето од одредена религија или потекло да се ставаат под сомнение.