Меркел им отстапи место на највлијателните жени според „Форбс“, првпат по 11 години

Од:

Првпат по 11 години, германската канцеларка во заминување Ангела Меркел не се најде на врвот на листата на 100 највлијателни жени во светот, составена од соработниците на американскиот магазин „Форбс“. Меркел не е на врвот на ранг-листата првпат од 2010 година и третпат од 2004 година. Оваа година Меркел воопшто не е вклучена во ова рангирање.

Првото место годинава и припадна на Мекензи Скот, поранешна сопруга на шефот на американската корпорација „Амазон“ Џеф Безос. Списанието известува дека нејзиниот придонес во хуманитарни цели се проценува на повеќе од 8,5 милијарди долари. Дополнително, непрофитните организации на кои Скот им донира средства имаат целосна контрола врз тоа како да ги користат донациите.

Втора на листата е потпретседателката на САД, Камала Харис. Таа е првата жена и првата афро-Американка потпретседател на САД.

Трета е претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, која до 2019 година беше на чело на Меѓународниот монетарен фонд. Таа е првата жена на овие позиции.

Оваа година, 100-те највлијателни жени во светот ги вклучуваат претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателката на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси, британската кралица Елизабета Втора, како и тенисерката Серена Вилијамс и пејачките Бијонсе и Тејлор Свифт.

Би можело да ве интересира

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство

Ангела Меркел доби награда за мир на УНЕСКО

Ана Ололовска

Поранешен главен советник на канцеларката Меркел стана советник на премиерот Рама

А1он

Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справување со миграциската криза од 2015 година

А1он

ОН ја награди Меркел за справувањето со миграциската криза од 2015/16 година

А1он

Меркел: Зборовите на Путин не се знак на слабост, туку на политичка мудрост

А1он