Меркел и Оланд разговараа за иднината на Европа и подготовката на средбата во Братислава

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е од суштинско значење на утрешната средба на високо ниво на ЕУ во Братислава, вниманието да се насочи кон послабите земји.

– Во Братислава треба да излеземе со став дека сме цврсто решени да реагираме заедно со послабите земји, заедно да ги решаваме задачите кои се наоѓаат пред нас, истакна Меркел на прес-конференција во Париз, по средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд пред утрешниот Самит.

Оланд ја повика Европа да изработи јасна визија за нејзината иднина, додавајќи дека на средбата во Братислава треба да биде договорен план и да се подготви патоказ за ЕУ по одлуката на Велика Британија за излез од Унијата.

Елисејската палата соопшти дека Оланд и Меркел „тесно соработуваат“ за постигнување согласност околу предлозите кои ќе бидат разгледани во Братислава, а главно внимание е посветено кон безбедносните прашања на Европа.

Тие сакаат создавање на европски вооружени сили со постојано седиште, од каде ќе може итно да се испраќа европска војска доколу е потребно.

Се очекува двајцата лидери да се заложат и за подобра заштита на надворешните граници на ЕУ и подобрување на соработката меѓу полициските служби, правосудните системи и разузнавачките агенции на земјите-членки.

Велика Британија, која изгласа Брегзит, не е поканета на средбата во Братислава.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер