Меркел и Оланд апелираат за единство на Европа

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд денеска ја потенцираа неопходноста од европското единство пред порастот на внатрешни и надворешни закани, вклучително и интензивирањето на популизмот во Европа и заканите на САД да се откажат од слободна трговија.

– Европа се соочува со големи внатрешни и надворешни предизвици, со кои можеме да се справиме само ако заедно работиме. Има потреба од недвосмислен заеднички ангажман во Европска унија, за тоа што сме го постигнале и за вредностите на нашите либерални демократски демократии, посочи Меркел на заедничката прес-конференција со Олан во Берлин.

Оланд како голема закана за ЕУ ги посочи популистите.

– За да бидеме чесни, заканата по Европа не е само однадвор. Има закана и одвнатре. Тоа е порастот на екстремизмот, кој ги користи надворешните фактори за да предизвика раздор внатре, посочи Оланд.

Тој како предизвик за ЕУ ја оцени и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. посебно ставот за трговските правила и ставот за надминување на светските конфликти.

– Треба да разговарам со Доналд Трамп бидејќи тој е избран за претседател на САД од Американците, но тоа треба да го направам со европскo убедување и за заштита на нашите интереси и вредности, наведе Оланд.

И Меркел изрази вознемиреност од последните случувања во САД, но не прецизираше.

– Новите предизвици ја засегаат заштитата на слободно општество, како и слободната трговија, наведе Меркел.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски