Меркел и Обама и се закануваат на Русија со нови санкции

Од:

Европа е подготвена на трета фаза санкции против Москва, ако изборите во Украина бидат неуспешни, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел на заедничка прес-конференција со американскиот претседател Барак Обама, по нивната средба во Белата куќа.

– Датумот на изборите 25 мај е извонредно важен ден. Украинскиот народ има право на самоопределување. Ако изборите не се одржат, понатамошни санкции ќе бидат неизбежни, изјави Меркел.

Американскиот претседател Барак Обама предупреди дека ако кризата во Украина се влоши и се создаде закана за спроведување на изборите, САД и нивните сојузници нема да имаат друг избор освен да воведат пожестоки санкции кон Русија.

– Следните чекори ќе бидат пошироки санкции, насочени кон одделни сектори, истакна Обама.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска