Меркел и Макрон посветени на договорот од Париз

Од:

Германската канцепларка, Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ги повикаа челниците на земјите кои што присустуваат на конференцијата за климата во Бон да инвестираат во борбата против климатските промени.

– Знаеме дека Парискиот договор е само почеток. Знаеме и дека според сегашните обврски нема да ја исполниме целта за намалувањето на затоплувањето за 1,5 степени, рече Меркел.

Во Париз беше договорено глобалното затоплување да се ограничи на помалку од 2 степени.

Емануел Макрон во својот говор ја повика Европа да го надохнади недостатокот од финансиски средства по повлекувањето на САД.

– Сакам Европа да ги замени Американците и сакам да ви кажам дека и Франција ќе се вклучи. Што повеќе европски земји да ја надохнадиме загубата од американската финансиска поддршка и ви гарантирам дека нема да недостасува ниту еден цент за да можеме да продолжиме со делувањето и со насочувањето на нашите одлуки, рече Макрон.

Повеќе од 150 министри и владини функционери, помеѓу кои и 25 претседатели на држави и влади, учествуваат на 23. конференција на ОН за климата COP23 која што завршува во петок.

Би можело да ве интересира

Мерц се обидува да добие поддршка од Зелените за измени на законот за ограничување на долгот

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Германските конзервативци и Социјалдемократската партија ќе формираат коалициска влада

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција