Меркел и европски лидери ќе ја посетат Турција со цел примена на договорот за мигрантите

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел и високи претставници на ЕУ ќе ја посетат денеска турско-сириската граница во обид да ја поттикнат примената на спорниот договор потпишан пред еден месец, за справување со бегалската криза, што остави стотици илјади луѓе блокирани по мигрантската маршрута кон Европа.

Денешното патување до турскиот граничен град Газиантеп, што се очекува да вклучи посета на бегалски камп, е по повод потпишувањето на договорот од 20 март меѓу Турција и ЕУ за започнување депортација на мигранти, кои не одговараат на условите за добивање азил во Грција, обратно во Турција.

ЕУ вети шест милијарди евра помош на Турција во наредните четири години за обезбедување подобри услови и создавање на можности за околу 2,7 милиони сириски бегалци, кои живеат во Турција.

Еден месец по договорот, сепак, се уште малку експерти од ЕУ пристигнале на местото, а повеќе земји од Унијата не брзаат да примат уште кандидати за азил.

Во исто време, барањата на Турција за безвизно патување во ЕУ за турските државјани, предизвикаа дипломатски спорови.

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке