Твитовите со ксенофобски пораки на американскиот претседател Доналд Трамп „им противоречат на тоа што Америка ја прави голема“, изјави денеска германскиот канцелар Ангела Меркел, изразувајќи солидарност со четирите конгресменки од Демократската партија, кои ги претставуваат малцинствата, а беа нападнати од американскиот лидер.
-Цврсто се дистанцирам од (нападите) и упатувам солидарност кон нападнатите жени, рече таа, додавајќи дека, според неа, „силата на Америка е во тоа што луѓе од различно потекло придонесоа за тоа земјата да биде голема“.