Меркел ги осуди нападите во Париз

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во владината декларација во Бундестагот остро ги осуди исламистичките терористички напади во Париз, во кои загинаа 17 луѓе, ги стави под заштита германските муслимани и укажа на поврзаноста меѓу Берлин и Париз.

– Во Германија нема безбедност, ако истата ја нема и во Франција, истакна Меркел, нагласувајќи ја поврзаноста меѓу двете земји на седницата на која присуствувале и амбасадорите на Франција и Израел.

– Во тешките часови за Париз и Франција стануваше збор за две катастрофи на денешницата, кои не секогаш, но често одат рака под рака – за убиствениот исламистички тероризам и антисемитизмот, омразата кон Евреите, изјави германската канцеларка.

Таа предупреди дека тероризмот нема самиот да исчезне „од денеска до утре“.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Спречен терористички напад во Германија