Меркел: Германија ќе одвои 8 милијарди евра за поплавите

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека Германија е подготвена да ја надомести штетата од поплавите и дека за тоа ќе одвои околу 8 милијарди евра.

Според нејзините зборови нема да има зголемување на даноците за да се дојде до тие пари, туку наведе дека трошоците ќе ги поделат сојузната администрација и државите.

По состанокот со претседателите на 16-те сојузни држави, Меркел истакна дека деталите за надомест на штетите се уште не се разработени до крај, но раче дека издавањето на државни обврзници е една од можностите.

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ неделава процени дека штетата од поплавите во Германија ќе достигне 12 милијарди евра.

Фондот за помош од поплавите во 2002 година изнесуваше седум милијарди, но целосно не беше потрошен.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија