Меркел: Еврозоната не треба да брза со создавањето на банкарска унија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска оцени дека еврозоната не треба да брза со создавањето на банкарска унија, во време кога има се појасни сигнали дека и Германија е вовлечена во кризата.

Меркел го отфрли барањето на Европската комисија и на Франција во најкраток можен рок да започне банкарска супервизија на ниво на монетарната унија.

– Поддржувам построг надзор над банките во еврозоната, порача германската канцеларка на присутните на состанокот на Федерацијата на германските индустрии.

Сепак, европскиот надзор мора да повлекува некои обврски, не можам да зборувам за директна докапитализација на банките во другите земји ако се уште го немаме усвоено правото на интервенција, истакна канцеларката.

– Тоа значи дека решението мора да биде донесено чекор по чекор и по правилен редослед, не набрзина и не само за да се каже дека имаме нешто направено, нагласи Меркел.

Би можело да ве интересира

Шолц ги повика Германците да гласаат

А1он

Мерц оптимист пред изборите во Германија: Левицата е готова

А1он

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина