Меркел: ЕУ има реална шанса да ја реши бегалската криза

Од:

Претстојниот Самит на Европската Унија ќе ја понуди првата „реална шанса“ за решавање на бегалската криза, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел во обраќањето пред германскиот Парламент. 

– Самитот на ЕУ утре и задутре ќе покаже дали ние можеме да постигнеме договор кој првпат може да ни даде реална шанса за одржливо и сеевропско решение за бегалската криза, изјави Меркел во Бундестагот. 

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, соочена со критики од Германија и други европски членки кои се противат на забрзување на евроинтеграцијата на Турција само поради нејзината помош во бегалската криза, Меркел рече дека без разлика на соработката со Анкара во врска со бегалците, ЕУ мора да биде принципиелна во инсистирањето за слобода на медиумите и човекови права за курдското малцинство.

– За тоа не мора ни да се зборува…. дека ја изразуваме нашата осуда за Турција во врска со, на пример, заштитата и слободата на медиумите и третманот на Курдите, изјави Меркел.

Таа ги смири критичарите на идејата за побрзо членство на Турција во ЕУ со пораката дека влезот на Турција во Унијата „сега не е на агендата“, додавјаќи дека предусловите за влез на Анкара во ЕУ „остануваат непроменети и тие нема да се променат“. 

Меркел изјави и дека затворањето на „балканската рута“ претставува голем предизвик за Грција, со кој би требало да се позанимава цела Европа.

Таа предупреди дека „никој не смее да биде измамен од намалениот прилив на мигранти во Германија, поради затворањето на границите на Австрија и останатите“.

– Ситуацијата во Грција е друга работа, која претставува голем проблем за сите нас, бидејќи нема да помине без последици во цела Европа, нагласи германската канцеларка. 

Меркел се соочува со внатрепартиски критики откако нејзината Христијанско демократска унија (ЦДУ) победи само во една од трите германски покраини во кои во неделата се одржаа избори.
На средбата со членовите на нејзината партија во Бундестагот, канцеларката нагласила дека бегалската криза е најголемиот предизвик во последните децении.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија