Меркел: ЕУ едногласно ги продолжи санкциите кон Русија

Од:

Учесниците на самитот на Европска унија едногласно ги продолжија економските санкции кон Русија, изјави синоќа во Брисел германската канцеларка Ангела Меркел.

– Ние со (францускиот претседател) Емануел Макрон рефериравме за текот на Процесот од Минск и за работата на Нордиската четворка. Но, за жал сме принудени да констатираме дека не е забележан голем напредок. Примирјето постојано се прекршува и затоа недостига основа за продолжување на политичкиот процес. Во таква ситуација сите едногласно се согласија дека е нужно да се продолжат санкциите, посочи Меркел.

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на руската Дума, Леонид Слуцки продолжувањето на санкциите од страна на ЕУ поради неисполнување на обврските од Договорот од Минск ги оцени како апсурдни.

И САД соопштија дека се вознемирени од насилството на сепаратистите во источна Украина.

Портпаролката на Стејт департментот Хедер Наварт изјави дека на 20 јуни претставници на специјалната мониторинг мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) биле малтретирани, заплашувани и дури било пукано врз нив.

Би можело да ве интересира

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани