Меркел: Ердоган да не ги користи бегалците поради незадоволство

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека разбира оти турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган очекува поголема помош од Европа за решавање на бегалската криза, но истакна дека не треба да ги користи бегалците за да го изрази своето незадоволство.

– Разбирам дека Турција се соочува со голем предизвик што се однесува до Идлиб, рече Меркел и додаде дека за неа е „неприфатливо тоа што Ердоган и неговата Влада не го искажуваат ова незадоволство во дијалог со Европската унија, туку на грбот на бегалците“.

Според неа, тоа не е начин да се оди напред.

Меркел исто така рече дека Европската унија и Турција треба да ги продолжат разговорите за договорот за бегалци и оти Германија, исто така, е отворена за билатерална поддршка за Турција.

Повеќе од 10.000 мигранти, најмногу од Сирија, други земји од Блискиот исток и Авганистан, стигнаа до турските граници со Грција и Бугарија, откако официјална Анкара минатиот четврток изјави дека ќе престане да ги задржува на нејзина територија.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција може да биде идеално место за мировни преговори Украина-Русија

(ВИДЕО) Млада Турчинка ги истетовира очите на Ердоган на своето чело

Ердоган: Трамп прави погрешни пресметки во однос на Појасот Газа

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он

Бројот на жртви во пожарот во хотелот во Турција се искачи на 76, уапсени се девет лица

А1он