Германската канцеларка Ангела Меркел во својот говор пред околу 1.200 лица во Франкфурт, рече дека се надева на дипломатско решавање на украинската криза, а не за воена интервенција поради руско-украинските односи и дека не смеат да бидат заборавени лекциите од двете светски војни, од минатиот век.
– Ќе продолжам да се залагам за добри односи со Русија изјави таа и додаде дека воените решенија мора да бидат исклучени, бидејќи судирите не може да се решат со воени средства.
Германија која во голема мерка се потпира на увоз на рускиот природен гас, се труди да ја смири напнатоста поради Украина и Запад и на неа гледа како на држава која не сака воведување санкции за Москва, пренесе „Ројтерс“.
Резултатите од анкетата која што беше објавена на АРД телевизија, покажуваат дека 72 проценти од Германците се загрижени од можноста да се врати Студената војна, помеѓу Русија и Запад, додека само 18 проценти од испитаниците се изјасниле за воена поддршка за Украина.
Е. Г.