Меркел: Брзо решение за Грција, без “сечење” на долгот

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика европските министри за финансии да најдат брзо решение за финансиските проблеми на Грција, но, исто така, ја отфрли идејата дека европските влади треба да ги прифатат загубите од кредитите, кои и се веќе доделени на Атина.

– Се надевам дека е блиску моментот кога ќе најдеме решение кое е потребно – изјави Меркел на прес-конференцијата одржана во Берлин, каде што им се обрати на новинарите, заедно со францускиот премиер Жан-Марк Ером, јавува Ројтерс.

– Се разбира, не разговаравме за “сечење” на долгот, ја знаете нашата позиција и таа не е променета, ниту, пак, треба да биде – одлучна е канцеларката.

Ером додаде дека “во овој момент, ние се приближуваме за решението за Грција, а Франција како и Германија, се надеваат дека одлуката ќе се донесе што е можно поскоро.”

– Важно е да се направи сè Грција да се задржи во еврозоната, околу таа клучна точка сите се согласуваме. Ако постои некаков сомнеж или колебање, ние би можеле да сносиме голема одговорност – додаде тој.

Министрите за финансии на еврозоната ќе се состанат во Брисел во вторник за да одлучат дали да ја ослободат следната транша од помошта за Атина, која се тетерави на работ на банкрот.

Шефот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер претходно оваа недела рече дека Грција ги исполнила скоро сите неопходни економски реформи за да се ослободи траншата помош од 31 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција

ВИДЕО: Во Берлин трет неонацистички собир, се собраа и контрадемонстранти

ВИДЕО: Се урна мал авион во Германија, од остатоците извлечено шестгодишно девојче