Меркел: Британија останува партнер, „Брегзит“ нема да биде во фокусот на ЕУ

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел очекува Велика Британија да остане силен партнер на Европската Унија и на Германија по заминувањето од ЕУ, јавуваат германските медиуми изјава на Меркел дадена во Нирнберг.

Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин Меркел најавила дека Германија ќе пристапи кон преговорите за заминување на Велика Британија од ЕУ со разбирање дека таа земја и понатаму ќе продолжи да биде партнер на ЕУ и Германија.

– Ќе ги спроведеме преговорите за заминување во духот на останувањето на Британија како добар партнер. Но ние мора да се погрижиме за работите кои што ја зајакнуваат ЕУ а не да бидеме исклучиво фокусирани на преговорите за Брегзит, изјавила Меркел на настан во Нирнберг.

Преtходно британската премиерка Тереза Меј најави можност Велика Британија да ја напушти ЕУ без договор доколку нејзината земја не успее да постигне прифатлив договор со Брисел.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите