Меркел: Бегалците ќе мора да се вратат дома по завршување на војните

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска се обиде да ги смири критичарите на политиката на отворени врати за бегалците со порака до бегалците од Ирак и Сирија ќе заминат дома кога конфликтите во нивните земји ќе завршат.

Меркел која што е се поизолирана во нејзината имиграциска политика сеуште ги отфрла сугестиите на дел од конзервативците во Германија кои што бараат да се затвори границата за нови бегалци.

По силните забелешки од дел од нејзината партија ЦДУ и особено од сестринската баварска партија ЦСУ таа денеска изјави дека и покрај напорите бегалците да се интегрираат тие во земјата ќе останат се додека не можат да се вратат дома.

“Ние треба да кажеме дека ова е привремен азилантски статус и дека очекуваме дека тогаш кога мирот ќе се врати во Сирија, кога Исламската држава во Ирак ќе биде победена, бегалците ќе се вратат во нивните земји со знаењето кое што го стекнале во Германија“, изјави денеска Меркел на средба со членови на нејзината партија.

Според неа, 70 отсто од бегалците кои што дошле во Германија од поранешна Југославија за време на воениот конфликт се вратиле во своите земји.

Изјавата на Меркел доаѓа по заканите на лидерот на сестринската ЦСУ дека ќе ја тужи државата ако не запре приливот на нови бегалци и барањето на крајно десничарската апртија Алтернатива за Германија која стана трета најсилна партија во земјата а чиј лидер побара граничните сили да пукаат во бегалците кои се обидуваат илегално да влезат во земјата.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“