Меркел бара блиска соработка меѓу ЕУ и Турција

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел побара од членките на ЕУ да соработуваат со Турција со цел да се запре бранот бегалци и најави дека продолжи со потрагата по решение што ќе биде во интерес за сите, јави дописникот на МИА од Берлин. 

– Ние долго време зборуваме за одредени прашања, тоа секогаш е исплатливо и затоа јас ќе продолжам да го правам тоа за да дојдеме до решение од интерес за сите, изјави Меркел во своето обраќање во германскиот Парламент.

Според Меркел, во моментов не е најважно прашањето за квотите затоа што е смешно да се зборува за квоти за нови мигранти, кога членките на ЕУ се уште не се договориле ниту за старите квоти што предизвикува поделби во Европа.

– Главна тема сега е заедничката позиција за тоа како сакаме да ги заштитиме нашите надворешни граници и за да го направиме тоа има смисла да ја спроведеме агендата ЕУ-Турција, изјави Меркел.

Би можело да ве интересира

Судир меѓу полицијата и демонстрантите на конгресот на АфД, не се знае дали има повредени

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на антисемитски инциденти во Германија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Германија: Полиција влезе во училишна зградата, учениците затворени во училниците

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Германски полицаец загина, а друг е тешко повреден додека го обезбедувале Виктор Орбан

Горан Наумовски

Германците пресметаа: Одморот во Хрватска е поскап отколку во Шпанија, Грција и Португалија