Меркел апелира за мирно решение за Хонг Конг

Од:

Потребно е да се најде мирно решение за ситуацијата во Хонг Конг, изјави германската канцеларка Ангела Меркел на средбата со кинескиот премиер Ли Кечијанг.

Таа додаде дека трговската војна меѓу Кина и САД влијае врз целиот свет и изрази надеж дека наскоро ќе се реши.

– Се надеваме дека ќе има решение во трговскиот спор со САД затоа што тој влијае врз целиот свет, му рекла Меркел на кинескиот премиер на почетокот од дводневната посета на Кина.

Канцеларката додаде дека Германија е отворена за кинески инвестиции и ги повика сите кинески компании да инвестираат во нејзината земја.

Таа сепак нагласи дека Германија спроведува проверки на инвестициите во одредени стратешки сектори и клучната инфраструктура.

На заедничката прес-конференција во Пекинг со Меркел, Ли рече дека Кина сака да ги спречи немирите во Хонг Конг, каде веќе неколку недели се одржуваат протести.

Ли додаде дека Кина се надева оти Германија ќе прифати уште кинески компании и ќе ги ублажи правилата за извоз на одредени стоки.

Би можело да ве интересира

Мерц: Сакам коалиција со СПД, ќе почнеме преговори во следните неколку дена

Горан Наумовски

ВИДЕО: Победникот на изборите во Германија најавува тектонска промена во односите меѓу Европа и Америка

Ден по историските избори во Германија, ЦДУ може да формира влада со СПД

Катерина Ѓуровски

Олаф Шолц го призна поразот: Горчлив резултат за социјалдемократите

А1он

Лидерите на АфД по историскиот успех: Добивме мандат за „епохални промени“

А1он

Мерц веќе прогласи победа на изборите во Германија

А1он