Мерц: Војната во Украина се одолговлекува поради неподготвеноста на Русија да започне преговори

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денес дека се очекува војната во Украина да се одолговлекува поради неподготвеноста на Русија да започне преговори.

„Војните обично завршуваат поради економска или воена исцрпеност на едната или на двете страни, а во оваа војна очигледно сме сè уште далеку од тоа“, рече Мерц на заедничката прес-конференција со финскиот премиер Петери Орп во финскиот град Турку.

Тој додаде дека Европа можеби ќе мора да се подготви за подолго траење на војната, пренесува Ројтерс.

Мерц, за време на посетата на Литванија минатата недела, рече дека преговорите меѓу Русија и Украина се „сè уште во рана фаза“ и би можеле да траат со месеци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мало дете падна од 8- ми кат: Стравична снимка кружи на мрежите

Предраг Петровиќ

Вeнс: Завршувањето на војната во Украина е потешко отколку што мислеше Трамп

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Украинците сè повеќе не му веруваат на својот претседател

Путин: Русија и Белорусија ќе ги користат сите расположливи средства за да обезбедат воена безбедност

А1он

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски