Мерц: Разговорите со Франција и Велика Британија за споделување нуклеарно оружје не како замена за заштитата на САД

Од:

Идниот германски канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека би сакал да разговара со Франција и Британија за споделување на нивното нуклеарно оружје во НАТО, но не како замена за американската нуклеарна заштита на Европа.

„Споделувањето на нуклеарното оружје е прашање за кое треба да разговараме… заедно мора да станеме посилни во нуклеарното одвраќање“, рече тој во интервју за радио Дојчландфунк, пренесе Ројтерс.

Мерц нагласи дека треба да се разговара со двете земји, Франција и Британија, секогаш од перспектива на дополнување на американскиот нуклеарен штит.

Би можело да ве интересира

Велика Британија: Европа мора да се подготви за одбрана без САД

Германија ја повлекува поддршката за Израел во случајот за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата

Мерц: Трамп испрати сигнал дека е подготвен да ја заврши војната

Европа му испрати јасна порака на Трамп: Ова не е наша војна

Мерц: Анексијата на Западниот Брег од страна на Израел би била голема грешка

Европа стана најголем увозник на оружје во светот