Мерц: Не може да има „диктиран мир“ во Украина

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека не може да има „диктиран мир“ во Украина и дека е во интерес на Германија да има блиски и „рамноправни“ политички односи со Полска во време кога тие се соочуваат со „заканата од ревизионистичкиот режим на Русија“.

– Особено во овие времиња, кога европското единство е под таков притисок, не смееме да дозволиме да бидеме поделени, изјави Мерц на заедничката прес-конференција по средбата со полскиот премиер Доналд Туск во Берлин, објави „Гардијан“.

Мерц повика на поблиска соработка во областа на одбраната и безбедноста, вклучително и одбраната на источниот крило на НАТО со германски борбени авиони стационирани во Полска и заедничка работа на беспилотни летала.

Би можело да ве интересира

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Мерц: Западен Балкан мора да биде заштитен од надворешни влијанија

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото