Мерц контра Урсула фон дер Лајен: „ЕУ не може да испрати војници во Украина“

Од:

Германскиот канцелар Фридрих Мерц јасно стави до знаење дека Европската Унија нема овластување да одлучува за испраќање воени контингенти во Украина како дел од безбедносните гаранции по евентуалниот мировен договор.

„Европската Унија не е одговорна за одлуките за воена поддршка на Украина“, рече Мерц, одговарајќи на изјавата на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

На 1 септември, таа истакна дека Европа наводно има „прилично јасен план“ за распоредување трупи во Украина како дел од идните безбедносни гаранции, со поддршка на САД и учество на мултинационални сили.

Мерц не беше единствениот што реагираше на овие зборови – германскиот министер за одбрана, Борис Писториус, исто така, изрази критички став истиот ден. Тој нагласи дека ЕУ нема право да распоредува трупи никаде во светот и оцени дека покренувањето на такви теми пред какви било мировни преговори е „неприфатливо“.

Ваквите контрадикторни изјави покажуваат дека постојат длабоки поделби во рамките на ЕУ кога станува збор за прашањето за воениот ангажман во Украина. Додека некои бриселски претставници се обидуваат да наметнат поамбициозни планови, водечките земји-членки како Германија јасно ставаат до знаење дека Унијата нема овластување да донесува такви одлуки.

Би можело да ве интересира

Вeнс: Завршувањето на војната во Украина е потешко отколку што мислеше Трамп

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

Украинците сè повеќе не му веруваат на својот претседател

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог

Вашингтон со порака: Приоритет е прекин на убиствата во Украина