Мерц: Да повторам, нема соработка со АфД

Од:

Кандидатот за германски канцелар, Фридрих Мерц, лидер на германската централно-десничарска партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ), во интервју за јавниот сервис АРД, категорично отфрли каква било соработка со екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД).

„Да повторам. Под мое водство нема да има соработка (на АфД) со ЦДУ во Германија“, рече Мерц.

Тој додаде дека причините се јасни и очигледни.

„Нема да соработуваме со партија која е ксенофобична, која е антисемитска, која има десничарски екстремисти во своите редови, која има криминалци во своите редови, партија која флертува со Русија и сака да ги напушти НАТО и Европската Унија“, нагласи Мерц.

Би можело да ве интересира

Политико: Германската крајна десница користи вештачка интелигенција за да освои гласови

Фридрих Мерц e предизвик за Урсула фон дер Лајен и нејзината позиција во ЕУ

„Билд“: Напад кај споменикот на Холокаустот во Берлин, едно лице е тешко повредено

Германија: Не смееме сега да згрешиме и да му направиме услуга на Путин

Катерина Ѓуровски

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски