Менингитис: 56.000 млади повикани да се вакцинираат во француските Оверњ-Рона-Алпи

Од:

Регионалната здравствена агенција на Оверњ-Рона-Алпи, апелира за масовна вакцинација на младите по дванаесет случаи на заболени од менингитис, меѓу кои и еден смртен случај, евидентирани од пред една година, јави дописникот на МИА.

dobivaj vesti na viber

По дванаесет случаи, меѓу кои и еден смртен, на инвазивна менингококна Б инфекција со нова варијанта идентификувана речиси од пред една година, Регионалната здравствена агенција (АРС) од Оверњ-Рона-Алпи повика 56.000 млади луѓе да се вакцинираат.

„Менингитисот е сериозна болест, која може да предизвика трајни последици, па дури и смрт“, објасни за француските медиуми д-р Ан-Софи Роно-Барон, раководител на регионалниот центар за следење на здравјето во AРС Оверњ-Рона-Алпи. Затоа испративме 56.000 писма до осигурениците на возраст од 16 до 24 години – населението кое е најчесто погодено од варијантата – и до родителите на бебињата на возраст од 0-2 години, како дел од масовната кампања за вакцинација“, рече Ан-Софи Роно-Барон, потврдувајќи ги информациите од локалните медиуми.

На крајот на јули, беа идентификувани две заразени лица, со што бројот на откриени случаи се искачи на дванаесет во четири департмани: Савоа (Шамбери и неговата околина), Аин, Рона и Изер. И покрај смртта на едно младо лице меѓу овие случаи, „до денес немаме посебни индикации дека оваа варијанта би била поопасна или позаразна“, рече докторот. Менингококната бактерија Б се пренесува со продолжен контакт со здрав носител на микроб. Се пренесува со кашлање и прскање. Инфекцијата предизвикува треска, главоболка со повраќање, вкочанет врат и може да се појават црвени или виолетови дамки (пурпура). Вакцинацијата против менингитис е вклучена во календарот за вакцинација з а 2022 година од април, а бројот на смртни случаи поврзани со менингококна инфекција од вкупниот број случаи на менингитис е околу 10%, според АРС.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција подготвува испорака на нови самоодни хаубици „Цезар“ во Украина

Ана Ололовска

Франција планира да позајми рекордни 270 милијарди евра на пазарите во 2023 година

А1он

Во пожарот на пазарот во близина на Париз нема жртви

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Пожар во Париз: Гори најголемиот пазар во светот

Ана Ололовска

Повлечено млекото за бебиња „Кандиа“ од сите продажни места во Франција

Ана Ололовска

Се очекуваат откажувања на летови поради штрајкот на француските контролори на летање

Ана Ололовска