Меланшон од Марсеј упати повик за обединување на француската левица

Од:

Претседателскиот кандидат на Народната унија Жан-Лук Меланшон денеска упати повик за обединување до сите гласачи на левицата. Со рејтинг од околу 15 отсто тој се надева дека ќе успее да влезе во вториот круг од претседателските избори против Емануел Макрон, јави дописникот на МИА.

–Сакам нашиот митинг да го посветам на борбата за завршување на руската инвазија. Тоа го правам со барање што нè вклучува во заедничка судбина. Инсистирам на еден од моите предлози – испраќање сини шлемови, под мандат на ОН во украинските нуклеарни централи за да се избегне фатален удар, рече Меланшон (ЛФИ – Бунтовна Франција) на почетокот на неговиот митинг денеска на плажа во Марсеј

Тој потоа се наврати на првата грижа на Французите: социјалната сфера. Предложи целосно вработување на државните службеници, пораст на минималната плата, замрзнување на цените (бензин, гас, струја и основните потреби) и не застанува тука, туку ги покани Марин Ле Пен и Емануел Макрон, подвлекувајќи дека меѓу давјацата нив има мала разлика.

-Првиот круг би бил административна формалност. Од една страна, сопственикот на местото и неговите пријатели. Од друга, наследничката на семејната секта, ослободена од доберманот кој се качи на масата, рееч Меланшон пред присутните, поставувајќи ги претседателот на Републиката и кандидатот на Народниот собир на истото либерално столче.

„Макрон е еднакво на економската програма на мадам Ле Пен, плус класниот презир. Ле Пен е економската програма на Макрон плус расниот презир“, кажа уште кандидатот на Народната унија.

Меланшон се гледа себеси во вториот круг за да може, како што вели, да зборува за животот. Меѓутоа, засега има уште многу пат да изоди, а остануваат само две недели до првиот круг. Тој се уште е на неколку поени до целта, бидејќи рејтингот во анкетите му се движи околу 14 до 15 отсто.

Следната недела тој ќе биде во Тулуз, а потоа во Лил.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата