Мексиканската полиција која работи на разоткривање на убиставата на двајца возачи на автобус, се сомнева дека сторител на убиствата е жена која што сака да се освети поради сексуално злоставување.
Минатата недела во градот Хуарес на север на државата, се убиени двајца возачи на иста компанија за автобуски превоз, пренесе „Би би си“.
Жената која што се претставила како „ловец Дијана“, пред неколку дена испратила мејлови на мексиканските агенции со пораки дека таа ги извршила убиствата, за да освети за жените кои што биле сексуално злоставувани од возачите на ноќните автобуси.
-Јас и другите жени патевме и не можеме да молчиме, се наведува во една од пораките.
Агенцијата „Диарио де Хуарес”, објави дека убиецот не ги ограбил убиените возачи, ниту пак користел оружје кое што вообичаено го употребуваат членовите на нарко-картелите.
Елена Георгиевска