Единаесет лица се убиени во престрелка, која настанала за време на празнувањето на роденденот на едно 15-годишно девојче во сојузната мексиканска држава Гуереро, соопшти гувернерот на државата, пренесува БТА.
– Имаше проблем за време на празнувањето на 15. роденден и според информациите со кои располагаме, 11 лица се убиени, изјави за медиумите Ектор Астудилбо.
– Престрелката настанала во петокот вечерта во селото Кундансито, а другиот ден, оние кои се обидоа да стигнат до местото, распоредени во неколку патроли, биле пречекани со истрели, додаде гувернерот.
Гуереро е држава со најголем број на убиства и киднапирања во Мексико.