Мексико: Во напад на бар најмалку пет загинати

Од:

Вооружени напаѓачи убија најмалку пет лица во еден бар, во близина на Монтереј, на север во Мексико, соопшти полицијата.

Официјално лице од полицијата, во државата Нуево Леон изјави дека седум вооружени лица со такси возило пристигнале во барот „Dzoniz plejs“ во општина Гвадалупе и отвориле оган, по што побегнале во непознат правец.

Полицијата се сомнева дека мотив би можело да биде расчистување на сметки помеѓу криминалци или освета на некој бизнисмен, кој не платил рекет, пренесе „Асошиејтед прес“.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД