Мексико: Уапсен нарко водачот познат како „Грдата Бети“

Од:

Мексиканската полиција денеска објави дека е уапсен лидерот на нарко картел од градот Хуарес, 47-годишниот Алберт Карило Фуентес познат како „Грдата Бети“.

Карило е уапсен во сојузната држава Најарит во западниот дел на Мексико, по што е предаден на државниот обвинител. Тој се соочува со обвиненија за шверц на дрога, убиство и организиран криминал.

Според мексиканските власти Карило ја преземал контролата над картелот „Сјудад Хуарес“ откако тоа го одбил неговиот брат Видент Карило Фуентес.

Картелот е основан од нивиот брат Амадо Карило Фуентес, познат како „Господар на небото“, кој почина во 1997 година под непознати околности по пластична операција.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори