Две бебиња и медицинска сестра, вчера загинаа поради истекување и експлозија на гас во близина на породилиште и детска болница во Мексико Сити.
-Болницата е целосно уништена. Имавме среќа што нема повеќе жртви. Голем број повредени се префрлени во болница – истакна официјалното лице, Адријан Рубалкаба.
Властите наведуваат дека во моментот на експлозијата во болницата имало околу стотина луѓе, а вработените велат дека поголем дел од нив ја напуштиле болницата, кога го почувствувале мирисот на гас.
Во експлозијата животите ги загубија едно бебе и 25-годишна медицинска сестра, а неколку часа подоцна од повредите почина уште едно новороденче.
Локалниот секретар за здравство Армандо Ауед наведе дека повеќе од 20 новороденчиња се повредени, од кои девет потешко, а во животна опасност се и седум возрасни лица.
Е. Г.