„Хафингтон пост“ пренесе дека сопругата на градоначалникот на Марија де Лос Анџелес, Пинеда Виља била поврзана со наркокартелите и дека таа е виновна за исчезнувањето на 43 студенти во Мексико.
Како што се наведува таа сакала да го наследи својот сопруг по истекување на неговиот мандат, меѓутоа сега поради обвинението се наоѓа во бегство.
Инаку и порано се претпоставувало дека таа повеќе одлучувала за судбината на градот од градоначалникот, а локалните медиуми често ја поврзувале со наркокартелите.
Според најновите информации студентите се враќале од протест против реформите на мексиканската влада, а Виља мислела дека се работи за активисти, кои се против неа и наредила полицијата да интервенира.
Постојат неколку верзии за настанот кој се случил, а од исказите на очевидци е познато дека полицијата и неколку вооружени мажи без униформи, ги опколиле студентите при што дошло до пукотница во која се убиени шест лица.
Останатите студенти биле однесени во полициска станица, од каде што им се губи трага.
Е. Г.