Министерот за здравство на Мексико, Мерседес Хуан, соопшти дека во државата до сега се утврдени 159 заболени од колера, која се проширила во четири мексикански држави.
Поради страв од епидемија, Министерството започна национална кампања за спречување на нови инфекции.
Најмногу заболени, односно 145 случаи се регистрирани во државата Хидалхо, пренесе „Ројтерс“.
Хуан рече дека заболените лица се на возраст од три до осумдесетишест години и дека постои сомнеж дека има повеќе од 3.000 инфицирани од болеста.
Елена Георгиевска