Владата на Мексико објави награда од 111.000 долари за точна информација, која ќе доведе до откривање на исчезнатите 43 ученици, на кои има се изгуби секоја трага на 26 септември.
Владата објави фотографии на исчезнатите во мексиканските весници, потенцирајќи дека дава награда за информација околу киднаперите.
Околу 50 лица беа осомничени за овој случај, вклучувајќи ја и полицијата, како и членовите на криминалната групата „Герерос унидос“.