Мексико: Народот го зеде законот во свои раце

Од:

Група вооружени маскирани мажи во Мексико, киднапираа неколку граѓани на кои ќе им „судат“, за наводна врска со криминалните банди.

Ова е правдата, во стилот на американскиот див запад, само што се случува во Мексико- пишува агенцијата „Ројтерс“.

Гневни поради киднапирање и кражбите, фармерите, бизнисмените и други граѓани на Гуереро, одлучиле да го земат законот во свои раце, како „народна полиција“.

Со маски навлечени преку главата, десетина вооружени мажи, го чуваат плоштадот во „Ел Мезон“ на кој се изнесени 50-ина затвореници обвинети за убиства, кражби и силување. Но, против нив не е претставен ниту еден доказ.

299662_meksiko2-foto-rojters_ig

„Народната полиција“ укажува на озбилниот предизвик со кој се соочува новиот претседател Енрике Пења Њато, кој вети дека ќе ја пренасочи борбата против картелите, кои во изминатите шест години убија околу 70 илјади луѓе.

Повеќето мексиканции немаат доверба во полицијата и правосудството, поради што работата ја земаат во свои раце.

Според жителите на Акапулко полицијата е во тесна врска со криминалците и не реагира на пријавите, дури и бара мито.

-Овие луѓе се огорчени од неправдата. Ние не бараме анархија, не сакаме да ја земеме правдата во свои раце, туку да најдеме начин да го решиме проблемот- изјави Бруно Пласидо Балерио, еден од членовите на „народната полиција“.

Ова негативно влијае и на образованието во Мексико.

-Затворањето на училиштата не е начин за борба против несигурноста – изјави за агенцијата „Ројтерс“ министерката за образование, Силвиа Ромеро Суарез.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД