Мексико ќе испрати протестна нота до Ватикан

Од:

Мексико ќе испрати протестна нота до Ватикан, поради наводните коментари на папа Франсис за можна „мексиканизација“ на Аргентина, во екот на високата стапка на трговија со дрога во таа држава.

Шефот на дипломатијата на Мексико, Хозе Антонио Меад изјави дека се сретнал со дипломатскиот претставник на Ватикан во Мексико, Кристоф Пјер , за да го информира за испраќањето на протестната нота, пренесе „Асошиејтед прес“.

„Изразуваме тага и загриженсот поради коментарите кои наводно се изнесени во приватно писмо на папа Франсис“ -истакнал Меад, зборувајќи за писмото кое папата го испратил до аргентинскиот пратеник Густав Вери, а во кое се зборува за трговија со дрога во Аргентина.

Вери за аргентинскиот весник „Тодо нотисијас“ рекол дека папата многу го сака мексиканскиот народ, но дека е загрижен Аргентина да не тргне кон патот на „неофицијална граѓанска војна помеѓу картелите“.

Портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди не сака да ја потврди ниту да ја негира автентичноста на писмото, во ракми на вообичаената политика на Ватикан да не ги коментира личната или пасторалана комуникација на папата.

Инаку Мексико веќе со години се бори со трговијата со дрога, а мексиканските картели го проширија својот бизнис и во други држави во светот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви