Мексико донесе одлука за отворање на енергетскиот сектор, кој се соочува со проблеми наспроти резервите на нафта и гас, за приватни и странски компании.
Претседателот Енрике Пена Нието потпиша серија закони што се дел од реформата на енергетскиот сектор на земјата, што е клучен за националната економија.
Законите имаат за цел привлекување странски инвестиции во нафтената и индустријата за преработка на гас, како и во секторот за дистрибуција на електрична енергија, што се соочуваат со сериозни проблеми.