Две лица загинаа, а седум се повредени поради експлозија на гас во трговски центар во мексиканскиот пограничен град Рејнос, соопштија мексиканските власти.
Поради интензитетот на експлозијата во трговскиот центар Вале дел Вергел, е урнат поголем дел од објектот, а оштетени се и неколку згради во близина, пренесе „Асошиејтед прес“.
Спасувачките екипи трагаат по луѓето, кои останаа под урнатините.
Е. Г.