Речиси три килограми кристален метамфетамин паднаа од небо во мексиканскиот град Тихуана, во близина на границата на САД, откако дрон кој се користел за шверцување дрога го фрлил пакетот на паркиралиште пред супермаркет.
– Веројатно дронот не можел да ја издржи тежината на пакетот, па затоа паднал – вели мексиканската полиција.
Полицијата соопшти дека од урнатиот дрон успеала да извлече шест пакети со метамфетамин, тешки 2,7 килограми.