Мексико: Деветти новинар убиен од почетокот на годината

Од:

Дописник на локален весник беше застрелан во јужниот дел на Мексико, јавија тамошните медиуми. Тоа е деветтото убиство на новинар во земјата од почетокот на годината.

Марио Гомес (35), работел за весникот „Ералдо де Чиапас“. Тој е убиен кога излегувал од својот дом во населбата Јахалон, во јужната мексиканска држава Чиапас, од каде бил дописник на дневниот весник

Гомес веќе осум години работи за „Ералдо де Чиапас“, следејќи ги јавните, политички и судски настани. Неодамна тој се пожалил дека добива закани, изјави анонимен извор од редакцијата на весникот.

Според невладината организација „Репортери без граници” Мексико е втората најопасна држава за извршување на новинарска дејност по Сирија.

Над 100 претставници на медиуми беа убиени во Мексико од 2000 година. Повеќето од тие злосторства без пресуди.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Серија разорни земјотреси, паника во Мексико

ЗНМ бара итна истрага за запаленото возило на дописничката од Охрид

ВИДЕО: Мексиканец се обидел да киднапира авион и да го упати кон САД, го спречиле патниците

ДЕА: 15 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Ел Менчо, водач на озлогласениот картел CJNG

А1он

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите