Мексико цврсто ќе остане во одбрана на своите интереси во преговорите со САД, изјави мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието.
На средба со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон и министерот за внатрешна безбедност на САД, Џон Кели, кои се во посета на Мексико, Пења Нието нагласи дека приоритетна задача на неговата Влада е заштитата на Мексиканците, кои се наоѓаат на американска територија и заштитата на нивните права.
Мексиканскиот претседател ги означи разговорите како знак на желба за воспоставување конструктивни односи.
Тилерсон и Кели ги потенцираа традиционално силните врски во билатералните односи и ветија натамошен дијалог по прашањето за миграцијата, безбедноста и трговијата.