Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес во Мексико достигна 26 лица, соопштија властите во земјата.
Гувернерот на сојузната држава Оахака, во јужниот дел на Мексико, изјави дека меѓу 17 и 20 луѓе кои загинале во тој регион биле во градот Јучитан.
Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието истакна дека ова е „најсилниот земјотрес“ во земјата во последните 100 години.
Геолошкиот институт на САД соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 8,1 степен според Рихтерова скала.