Мексико: Бројот на загинати во експлозијата достигна до 13 лица

Од:

Најмалку 13 лица загинаа во експлозија во државната нафтена компанија „Пемекс“ во мексиканската држава Веракруз, соопшти денеска шефот на државната служба за вонредни ситуации Луис Филипе Пуенте.

Тој на својот налог на Твитер објави фотографии од експлозијата, која синоќа одекна во близина на аеродромот „Коацакоалкос“, и истакна дека до сега е утврдено дека 13 лица настрадале во експлозијата.

Како што јавува Би-Би-Си, повредени се 136 лица во експлозијата, стотина лица се евакуирани, а околните училишта се затворени.

На фотографиите кои се објавени на социјалните мрежи се гледа огромен пожар и густ чад.
Причината на пожарот се уште не е позната.

Гувернерот на Веракруз Хавијер Дуарте истакна дека ударот од експлозијата се почувствувал на оддалеченост од 10 километри.

Од 136 лица кои се повредени, 88 се задржани во болница, а 13 од нив се во критична состојба.
Во последните години, повеќе експлозии одекнаа во нафтената компанија „Пемекс“.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори