Мексико бара прекин на канонизацијата на папата Јован Павле Втори

Од:

Активистите за заштита на човекови права и жртви на сексуално насилство во Мексико при првата посета на папата Франциско на Јужна Америка бараат да се прекине процесот за канонизација на папата Јован Павле Втори.

Тие бараат да се утврди дали папата Јован павле Втори ги криел или не случаите на педофилија во црквата,

Поранешниот католички свештеник Алберто Ати, кој во 2000 година се откажа од црквата и се посвети на откривањето на свештеници педофили наведе дека папата Франциско има моќ „да ја сврти таа црна страница од историјата на црквата и да работи за нејзино вистинско обновување во современиот свет“.

Ати наведе дека тоа прашање треба да се решава во соработка со Обединетите нации, кои на 10 јули првпат побараа објаснување од Ватикан за сексуалните злосторства и другите злоупотреби на деца во Римокатоличката црква.

– Потоа ние ќе побараме папата да ја прекине канонизацијата на Јован Павле Втори, бидејќи неговиот потификат е обележан од кршење на човековите права на илјадници деца, истакна Ати.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви