Мексиканските новинари на протест по убиствата на петмина нивни колеги во пет месеци

Од:

Мексикански новинари синоќа протестираа во Тихуана и го повикаа претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор да го запре бранот насилство врз новинарите, во кој само годинава беа убиени петмина.

Новинарите протестираа во касарна каде што Лопез Обрадор организираше прес-конференција.

Дури двајца од петте убиени медиумски работници годинава се убиени во Тихуана, а протестите се одржуваат во време кога претседателот ги засили вербалните напади врз медиумите.

– Нашата професија е тешко повредена. Како и во цело Мексико, работиме под сенката на напади и убиства за нашата работа, а злосторствата извршени врз нас не се истражени, изјави локалната новинарка Соња де Анда.

Лопез Обрадор изрази жалење за убиствата, додавајќи дека нема да останат неказнети, а подоцна ги нападна „новинарите платеници“ за кои рече дека биле финансирани од „трговци со влијанија“ и САД со цел да го напаѓаат.

Насилството врз новинарите го стави мексиканскиот претседател Лопез Обрадор под меѓународен притисок, вклучително и од САД.

На почетокот на оваа недела, новинарите кои го следат мексиканскиот Конгрес им го свртеа грбот на парламентарците, извикувајќи „сакаме да останеме живи“.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви

31 мигрант киднапирани во Мексико на пат кон САД