Мексикански полицајци пукале врз граничарите на САД

Од:

Мексикански полицајци вчера со хеликоптер влегле во Аризона и истрелале два куршуми врз припадници на граничната полиција на Аризона, соопштија американските власти.

Во соопштението на граничната патрола на САД се наведува дека мексиканскиот полициски хеликоптер навлегол 92 метри северно во пустината Аризона. Од хеликоптерот се истрелани два куршуми врз граничарите, но никој не е повреден.

Портпаролот на Мексиканскиот конзулат во Турон, Себастијан Галвин изјави дека се уште се собираат информации за инцидентот и оти нема детали.

Во јануари американските граничари се судрија со двајца вооружени мексикански војници кои навлегле 45 метри во Аризона. Во престрелката никој не е повреден. Во 2011 година повеќе од 30 мексикански војници со воени возила влегле во Рио Гранде без одобрение, во инцидент за кој се претпоставува дека настанал од невнимание.

Би можело да ве интересира

Авионска несреќа во САД: Има голем број луѓе повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Драма во САД: Итно активирани ловци Ф-16

Горан Наумовски

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

(ВИДЕО) Прогласена е вонредна состојба на Лонг Ајленд

Горан Наумовски

Зеленски: Мировните преговори меѓу Украина и САД ќе се одржат во Саудиска Арабија следната недела

Орбан: Блиску сме до договор за економска соработка со САД