По наредба на шефовите на еден од најмоќните наркокартели во Мексико, Лос-Зетас, е направено масовно убиство на членовите на музичкиот колектив Kombo Kolombia.
Според мексиканската полиција биле убиени вкупно 17 музичари кои биле киднапирани од непознатни вооружени лица уште кон крајот на јануари.
Една од главните верзии на истрагата е незадоволството кај шефовите на нарко картелот Лос Зетас од тоа што групата Kombo Kolombia настапува во барови и ноќни клубови кои се контролирани од страна на ривалскиот картел во трговијата со дрога – Заливскиот картел.
На крајот на 2011 година, картелот Лос Зетас стана најсилниот во криминалниот свет во Мексико и под своја контрола има криминални групи во 16 од 31 сојузна држава, како и во престолнината Мексико Сити.