„Мејл он сандеј“: САС извршувале борбени операции во Ирак против ИД

Од:

Британската елитна борбена единица САС извршувалa тајни мисии во Ирак во кои се убиени стотина припадници на џихадисти на групата Исламска држава, пишува британскиот весник „Мејл он сандеј“.

Извори од британското Министерство за одбрана претходно објавија дека припадници на САС, елитна единицана британската армија, биле вклучени само во неборбени мисии.

Сепак, освен извидничка улога во Ирак, САС учествувале и во елиминација на припадници на исламската ИС, наведува „Мејл он сандеј“.

Британскиот весник објави дека САС со помош на дронови идентификувале потенцијални цели, по што војници со повеќенаменски хеликоптери „Чинук“ се оставани во близина на целите. Во некои од акциите се користени и лесни возила, поради големата бука што ја прават овие летала.

„Мејл он сандеј“ наведува дека такви мисии се вршени речиси секојдневно во изминатите четири недели и често се вршени во текот на ноќта со цел да бидат изненадени борците на ИД. Дневно во мисиите биле ликвидирани до осум борци на ИД.

Британскиот весник пишува дека се очекува пролетна офанзива на ИД идната година, предводена од американски и британски команданти. Во рамките на тоа 300 британски експерти обучуваат ирачки и курдски сили за борбени мисии, со тоа што се очекува британски војници да не учествуваат во овие борбени дејствија.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот